Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се економски неписмени, не е само во прашање желбата да ги извртат фактите

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
 

„Не е само во прашање желбата да ги извртат фактите и излажат, туку Заев и СДСМ се економски неписмени. СДСМ не престанува да манипулира и во ек на корона вирус. Лага е дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажала од средствата за државно финансирање, тоа го има направено одамна, единствени кои не се откажуваат од високите суми се функционерите на власта, на кои подраги им се големите плати од граѓаните.

Во однос на предлог мерката за префрлање на средства од Вториот пензиски столб на сметка на буџетот со цел пребродување на кризата го повикуваме Зоран Заев да го види примерот со естонскиот премиер. Доколку Заев смета дека знае подобро од земја членка на ЕУ, а таа греши тогаш е во ред. Но не е само во прашање желбата да ги извртат фактите и излажат, туку Заев и СДСМ се економски неписмени.

Заев е целосно изгубен кога станува збор за економија. Република Македонија е заглавена со СДСМ на чело.“

 

Треба да знаете
Последни објави