Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Владата наместо решавање на корона кризата отвораат нови кластери, сега во градинките

Зоран Заев и СДСМ се неспособни да се справат со корона кризата. По целосно фијаско во справување со корона кризата во здравството, денес сме сведоци за фијаско и во процесот на отворање на градинките и училиштата.

Немањето на план за скрининг за вработените во градинките, не доведе до тоа да тие се отвораат без било какви промени во начинот на нивното функционирање. Сето тоа стартуваше без соодветна дообука на персоналот како да се справува и како да се однесува и функционира во период на корона епидемија и без скрининг на персоналот. Поради тоа се случува градинките да бидат отворени и повторно затворени. А децата и нивните семејства и постари членови од семејствата да бидат изложени на ризик. Оттука неспроведениот скрининг на вработените и несоодветната организираност се закана за нов корона кластер во градинките.

Поради немањето на став на Владата предводена од Заев нема решение ниту за оние родители кои не се примени во градинка, а мора да одат во градинка

И за во училиштата каде дел од децата  треба да стартуваат со работа на први октомври сведоци сме дека нема никаков сериозен план за справување со образовната криза. Учениците изгубија месец дена од училишната година, а никакви подготовки не се спроведуваат. Додека во регионот во сите земји училиштата започнаа со работа и персоналот се подготвува и обучува да реагира за евентуално реактивирање на корона епидемијата, кај нас ништо.

Владата предводена од СДСМ не е се способна да понуди никакво образование, ниту со физичко присуство, ниту со онлајн учење, ниту пак комбинирано. Ни се случува фијаско во образованието.

По фијаското во здравството, градинките и училиштата, најверојатно ќе следува и целосно фијаско во економијата кое што, доколку владата и понатаму продолжи да не работи ќе го почувствуваме наскоро.

Треба да знаете
Последни објави