Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е лицемерен кога се правда, тој во континуитет врши притисок и етикетира новинари

Зборовите на Заев не се искрени, туку напротив, ова е лицемерен став. Тој изминатите години остави печат на сите тужби и обвиненија врз новинари, вршеше прогон и етикетирање на медиуми и поминуваше несанкционирано физичко насилство врз новинари, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук статусот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

-Јавноста се уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите. И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители- наведуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави