Search

ВМРО ДПМНЕ: Заев е исплашен и поткупот му е единственото што му преостана

Во овие тешки карантински денови заради епидемијата, денови во кои што имаме десетици и десетици нови заразени, Зоран Заев и СДСМ не запираат во својот криминал. Цела Македонија ги виде оние нечовечки, оние понижувачки сцени од делењето поткуп во Струмица. И втор ден од СДСМ нема ниту збор извинување и покајание за овој скандал, напротив има само навреди и клевети, вели опозициската ВМРО ДПМНЕ во својата реакција до јавноста.

-Зоран Заев е исплашен до коска и поткупот му е единственото што му пореостана. Тоа е состојба на криминоген ум! Истата шема на Заеви и наСДСМ, за која што пишуваше „Ла Верита“, шемата за поткуп која што Заев и СДСМ ја имаат разработено при претходни избори, ја гледаме и денеска.

Истата шема, истиот поткуп, дури и истите ликови за кои што „Ла Верита“ пишуваше и објави бомби, и денеска среде епидемија, среде полициски час, се случува пред очите на јавноста.

Видеото објавено од стариот партнер на Зоран Заев, беше експресно тргнато. На него јасно се гледаат познатите лица, јасно се гледа списокот, јасно се гледа организираниот поткуп од СДСМ.

Да се разбереме, да беше се согласно словото на законот, видеото немаше да биде тргнато!

И на Заеви и на СДСМ им е јасно дека се фатени живи во поткуп.

Ова не не ниту помош, ниту е донација, ова е се спротивно од законот за донации, спротивно од уредбата донесена токму од СДСМ.

Ова ги минува сите граници! Ниту закони ниту уредби ниту пак мерки за претпазливост имаат значење кога Зоран Заев наумил да се спасува.

Ова е срамно и понижувачки. Ова е целосна негрижа за човечкиот живот. Видеото докажува дека Зоран Заев е спремен да гази по мртви тела само и само да го намали поразот.

Заев е свесен дека неговото време измина и дека наскоро ќе има средба со правото и со правдата. И овој пат нема да може да биде амнестиран по четврти пат.

Заев и неговиот хибриден режим во моментов шират епидемија и ризикуваат животи за сопствен спас. Но Заев ништо не може да го спаси.

Не го ризикувајте својот и животите на своите блиски за пакет кој што не е донација туку е поткуп.

И денеска ги повикувам сите релевантни домашни, но и странски, државни, но и невладини организации, да излезат од меурот, од пупката на Заев, да го осудат ова однесување и да побараат сериозна одговорност.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави