Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев губи контакт со реалноста, за еден ден ја задолжи Македонија за 300 милиони евра

Зоран Заев губи контакт со реалноста. Наместо најавените 216 милиони како што беше најавено се задолжи за плус 80 милиони и со тоа во само еден ден го зголемија долгот на државата за скоро 300 милиони евра.

Расипништвото на власта нема граници. Откако Заев е на власт заклучно со денес јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра.

Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Загрижувачки и недозволиво е јавниот долг за 31 месец да порасне за нови 914 милиони евра, а притоа нивото на капитални и инвестиции да е најниско во историјата на државата со 40% за цели 10 месеци од годинава или 36% доколку не направеа ребаланс.

Сите влади за 15 години од 2002 до 2017 година ја задолжиле државата за 3 милијарди евра, а Зоран Заев за само три години 914 милиони, односно безмалку 1 милијарда.

На ова расипништво му доаѓа крајот. Република Македонија не може да издржи со вакво галопирачко темпо. По 12 април следува одговорно трошење на народните пари и домаќински однос со долгот.

 

Треба да знаете
Последни објави