Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше живот, а донесе режим и корупција во Република Македонија

Странските инвеститори ќе ја заобиколуваат Македонија, младите ќе бегаат, а Европската Унија ќе остане само желба бидејќи криминалците од власта заглавија во корупција, а институциите се само извршители на хибридниот режим.

Заев ветуваше живот, а донесе режим и корупција во Република Македонија.

На листата на Транспаренси Интернешнал, Република Македонија се најде на 106-тото место. Македонија е во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска. Токму овој податок говори дека власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски штити криминал и тоне во корупција.

Македонија предводена од Зоран Заев бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција, со што само се потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата и рекетирањето ескалира, а институциите молчат и не преземаат ништо. Тоа се случува бидејќи институциите се под огромен притисок на рекетарската власт.

Во Македонија секојдневие стана кршењето на законите, селективната правда и узурпирањето на институциите.

Државата мора да застане на нозе, мора да се справи со корупцијата. Тоа ќе се случи по 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Тогаш ќе започне долгоочекуваната обнова на Република Македонија.

Сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат пред лицето на правдата, ќе се стави еднаш за секогаш крај на криминалните банди. Граѓаните заслужуваат да живеат мирен и квалитетен живот.

Поради ова на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.

 

Треба да знаете
Последни објави