Search

ВМРО-ДПМНЕ е нервозна што не успеа да ги спречи предметите на СЈО, неприфатливо е работата да ја разгледуваат осомничени

П1: Денес имаше иницијатива од група пратеници за измени во изборникот модел, дали ќе ги прифатите како партија нивните барања и каков е ставот на СДСМ околу измените на изборниот модел дали е прифатливо да има една изборна единица?

  • Ставот на СДСМ и програмска определба на СДСМ е една изборна единица и отворени листи. Знаете дека мораме да разговараме, дискутираме и да дебатираме и со меѓународни експерти, но и овде во рамките на Собранието со сите колеги пратеници во однос на таа иницијатива, тоа е нивно демократско право можат да ја поднесат, секако за воља на вистината уште ја немаме видено иницијативата, секако ќе оставиме можност во рамки на пратеничката група, во рамки на Собранието да ги разгледаме сите позитивни и негативни страни од таквиот модел и секако конечно со консензус да донесеме одлука затоа што знаете во однос на изборниот законик потребен е консензус во Собранието.

П2: Работат ли работните групи на оваа тема за промена на изборниот модел?

  • Знаете дека во последниот период фокус беше ставен на законот за Јавното обвинителство, верувам дека во најскоро време ќе почнат и работните групи коишто ќе треба да дискутираат на темата на изборниот законик, со сигурност.

П3: ВМРО-ДПМНЕ денеска информираше дека ќе покрене иницијатива за формирање активна комисија за незаконско, нестручно и несовесно работење на СЈО, како основа на разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева во саботата. Ќе дадете ли поддршка за формирање на таква комисија?

  • Антонио Милошоски, човек осомничен во предмет на СЈО, сака да ја разгледува работата на СЈО. Лично за мене, е сосема неприфатливо. Очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ и продолжуваат во обидот да си ги амнестираат криминалот и криминалците во нивните редови. Едно нешто можам со сигурност да им порачам, дека како што не успеаа да ги спречат предметите на СЈО да пропаднат, исто така нема да успеат да се спасат од одговорност. Нашиот став е сосема јасен, одговорност за секој кој што се огрешил пред законот, без разлика на неговата партиска, политичка, етничка определба, одговорност мора да има и одговорност ќе има. Тоа важи и за раководството и на ВМРО-ДПМНЕ и сегашното и претходното, но и за нивните тајкуни кои што се појавија за време на нивното 11 годишно владеење.
Треба да знаете
Последни објави