Search

ВМРО-ДПМНЕ е класичен пример за партиски вработувања,  денес граѓаните имаат еднаква шанса за вработување

СДСМ со соопштение за јавност  реагира на прес конференцијата на Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ, која обвини за нов бран партиски вработувања.

„ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизам, партиски вработувања и лажни вести нема кредибилитет да зборува за партизација. Цели 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ се асоцијација за 11 години вработување и сместување на блиско семејство, соработници, роднини на позиции однапред резервирани само за нив. Затоа ВМРО -ДПМНЕ кога зборува за оваа тема треба прашањата да ги адресира до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се класичен пример за непотизам.

Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции. Но, како што граѓаните и јавноста добро знаат, одговорност, правда, еднави шанси се непознати поими за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие се навикнати на непотизам, неправда, брутална партизација.

Времето на непотизам и партиски вработувања заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес,сите граѓани имаат еднакви шанси за вработување. ВМРО-ДПМНЕ изгуби на претседателските избори и на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село, и ќе изгуби на сите следни избори. Никој повеќе не верува во лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.Криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ се поразени!“

Треба да знаете
Последни објави