Search

ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од некрофилската политика на СДСМ и неодговорниот однос со кој го загрозува здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од некрофилската политика на СДСМ и неодговорниот однос со кој го загрозува здравјето на граѓаните.

Денес функционери на СДСМ и млади активисти без соодветна заштита делеа пропаганден материјал на очиглед на целата јавност.

Кај голем дел од истите немаше никаква заштита, а притоа директно ја зголемуваат опасноста од ширење на корона зараза.

На Заев не му е важно здравјето на граѓаните туку партиската фотелја.

Ако пред еден месец делеа поткуп со пакети под палката на Вице Заев денес тоа се маски, со што директно ги кршат препораките да нема групирање но и законот кој забранува предвреме започната изборна кампања, што преставува кривично дело.

СДСМ денес директно го загрози здравјето на граѓаните и направи кривично дело за предвреме започната кампања.

Заев губи контрола ризикувајќи го здравјето на своите сопартијци но и на граѓаните.

Заев е спремен да гази по здравјето на граѓаните само за да се спаси од одговорност и да има потесен пораз. Срамно и неодговорно.

Треба да знаете
Последни објави