Search

ВМРО-ДПМНЕ доцни седум месеци, случајот за кој денеска лаже е пријавен уште во февруари

Соопштение за јавност – реакција на прес конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

 „ВМРО-ДПМНЕ како и за се останато, доцни со денови, месеци и години. И денеска од белиот дворец се шират лаги, невистини и дезинформации. Денес, ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот. Лаже ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здруженјиа на тутунопроизводители.

Вистината е дека на 18.02.2019 година или пред точно седум месеци, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Известувањето од Сојузот го препратил до надлежна институција, односно до Управата за финансиска полиција.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека има огромна разлика. ВМРО ДПМНЕ штитеше криминал и тоа го прави до ден денешен. СДСМ како одговорна партија, алармира и пријавува незаконско работење, без разлика кој е извршителот на незаконските дејствија и е за бескомпромисна борба против криминалот. СДСМ не ниту суд, ниту обвинителство има надлежни институции за истраги кои водат предмети. Заврши времето кога белиот дворец беше и полиција и суд и обвинителство.

Денес, правосудните институции работат професионално и независно во интерес на правдата. Секој одговара.

Оттука, апелираме до надлежните институции, за брзо расчистување на овој случај и соодветно санкционирање на виновниците.“

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави