Search

ВМРО-ДПМНЕ демантира: Амандманите на Дескоска ѝ се пратени во 16.19 часот

Од ВМРО ДПМНЕ реагираат на информацијата дека претседателот на правната комисија при партијата, Тони Менкиноски ги испратил предлог амандманите  во врска со Законот за јавно обвинителство до министерката за правда, Рената Дескоска во 20.19 минути.

Тие го обвинуваа премерот Зоран Заев и министерката дека ја манипулираат јавноста и презентираат фотографија на која се гледа дека од мејлот на адвокатот Менкиноски се испратени амандмани на приватниот мејл на Дескоска.

– ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот, кој е клучен за правосудството во државата, нашите предлог амандмани се во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите за заштита на човековите права – пишува во соопштението на најголемата опозициска партија.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вечерва во телевизискиот дуел со Зоран Заев на ТВ Канал 5 рече дека партијата поднела 65 амандмани на Законот и побара од премиерто да ги прифатат за да може да се донесе Законот и да не се попречуваат реформите во земјава.

Заев одговори дека до почетокот на емисијата и пристигнување во телевизијата околу 18.30 часот не бил информиран дека биле поднесени амандманите. Мицкоски реплицираше дека партијата ги доставила до архивите на Министерството за правда и до Канцеларијата н Европската комисија, но по паузата Заев изјави дека од Правда добил одговор дека амандманите не се примени.

По завршување на емисијата порталот Центар.мк објави фотографија на преписката меѓу Менкиноски и Десковска  се гледа дека амандманите до министерката биле доставени во 20.19 часот.

Она што се разликува на двете слики е времето во кое е испратен мејлот, ВМРО ДПМНЕ тврди дека мејлот е испратен во 16 часот и 19 минути, додека од Министерството за правда тврдат дека мејлот е испратен во 20 часот и 19 минути, додека траеше ТВ дуелот меѓу Заев и Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави