Search

ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за да го оправда поразот на изборите, Изборниот законик во однос на политичкото рекламирање е јасен

Во белиот дворец се уште не можат да се помират со поразот што го доживеаја на 15 јули и затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бара ново алиби.
Колку и да се обидува да манипулира опозициската партија, Изборниот законик во однос на платеното политичко рекламирање и поделбата на просторот е јасен, се вели во соопштението за јавност испратено од СДСМ како реакција на прес-конференцијата одржана од Димче Арсовски портпаролот на опозициската ВМР0-ДПМНЕ.
Согласно резултатите од претходните парламентарни избори, најголемите две владејачки и опозициски партии беа СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Токму согласно таа распределба е распределена и Државната изборна комисија. Дали според ВМРО-ДПМНЕ и ДИК е незаконска?
Парламентарните избори одржани на 15 јули беа фер, слободни и демократски, граѓаните јасно ја изразија својата волја и потврдија дека државата треба да продолжи на правиот пат.
СДСМ ја донесе слободата, ги ослободи граѓаните, компаниите, институциите, медиумите од стегите на режимот, криминалното и коруптивно однесување на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо очајно да се обидува да бара алиби и изговори, ВМРО-ДПМНЕ вината во поразот да ја бара во своите редови. Времето на медиумски мрак за кое лицемерно зборува денеска ВМРО-ДПМНЕ, заврши одамна, со падот на нивниот 11 годишен режим.

 

Треба да знаете
Последни објави