Search

ВМРО-ДПМНЕ да ги повика институциите да ги расчистат сите отворени случаи за нивни функционери, вклучително и оние каде што Јанушев е осомничен, па потоа да зборува за правда

СДСМ со соопштение за јавност реагира на прес конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, кој повторно обвини за инертност и неодговорност во истрагата за „Рекет“.

 „Воспоставувањето на правната држава на здрави основи и одговороност за фамилијата и тајкуните на режимот, наиде на отпор и страв во скапоцениот дворец дека секој ќе одговара за тоа што го направил.

Очигледна е спрегата на ВМРО-ДПМНЕ со криминалците и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, кои се обидуваат да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО,  да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.

Додека СДСМ и Зоран Заев се броци за правда, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бранат криминалци, шуруваат со тајкуни и ликови од подземјето.

На секого му е јасно дека премиерот Заев нема никаква вмешаност. Сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расчи случајот, се бори за правда преку градење на независни и функцинални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата.

Во таа насока е дешената одлука на Владата за формирање на оперативен тим кој преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт.

Ако Мицкоски, Игор Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ навистина се за правда, тогаш нека повикаат на одговорност и расчистување на сите отворени предмети и истраги.

Мицкоски, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ нека повикаат да се расчистат предметите Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други.

Дури тогаш во скапоцениот дворец ќе имаат кредибилитет да зборуваат за правда.

Конструкциите со кои се обидуваат да ги компромитираат доказите и постапката во надеж дека некој ќе се спаси од вина пред судовите, нема да успеат и истите се причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во последниот случај.

Ги охрабруваме институциите брзо да делуваат за целосно расчистување, сите актери, од прв до последен, кои се инволвирани во овој случај мора да понесат одговорност.“

Треба да знаете
Последни објави