Search

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Радмила Шекеринска го оштетила буџетот и се проневерени над 250.000 евра

Нов ден, нов скандал.  Радмила Шекеринска е вмешана уште во еден сомнителен тендер, каде што постои сомнеж за проневера на буџетот од над 250.000 евра.

Имено, Радмила Шекеринска како министер во министерството за одбрана преку јавна набавка набавила 2 тешки машини грејдери за потребите на Армијата на Република Македонија во вредност од 464.853 евра, односно една машина од овие грејдери, еден грејдер има вредност од 232.426 евра. Машините се набавени од српска компанија „Корковадо“, инаку се работи за машини од кинеско производство, како што реков за потребите на Армијата на Република Македонија.

Ова не би било ништо спорно доколку истата машина од истата компанија „Корковадо“ во Србија после само неколку месеци не била продадена на јавна набавка за српска институција во вредност од само 108.000 евра, односно за половина сума помалку од онаа што ја платила Радмила Шекеринска.

Значи, една машина грејдер модел ГР 1605 во Србија чини 108.000 евра, а Радмила Шекеринска во Македонија го набавува за 232.426 евра.

Очигледна е разликата од 132.000 евра по машина или вкупно 264.000 евра за двете машини, кои никој не знае каде завршиле.

Со ова Радмила Шекеринска го има оштетено буџетот на Република Македонија за над 250.000 евра.

Прашањето е, ако се знае дека Радмила Шекеринска има сериозни бизнис релации во Србија, поточно во Белград преку нејзин близок од потесното семејство, каде завршиле овие над 250.000 евра разлика во тендерот кој што се на некој начин проневерени?

Дали овие над 250.000 евра завршиле во нечиј џеб?

Ова мора да се дознае и јавноста ги чека овие одговори од Радмила Шекеринска.

Јавното обвинителство треба да отвори случај по овој сомнеж и да го истражи до крај. Ова е класично оштетување на Буџетот на граѓаните во висина од над 250.000 евра.

Почитувани,

Јавноста чека разрешница. А, Јавното обвинителство треба веднаш да отвори случај.

 

            Прашање: Токму министерката Шекеринска вчера во гостување на телевизија „Телма“ рече дека ВМРО-ДПМНЕ си бара алиби за неуспехот што ги очекува на 12-ти април, тоа беше кажано не по овој повод по повод аферава што сега ја отворате туку по повод функционирањето на техничката влада и забелешките на ВМРО-ДМПНЕ дека со разрешувањето на министерката за труд и социјала и еве со поништувањето на решенијата издадени од министерот Наќе Чулев се нарушува концептот на техничката влада?

Одговор: Значи едно е јасно, и на граѓаните им е јасно, и на Радмила Шекеринска и е јасно и на Зоран Заев и на сите во владата а тоа е дека на 12-ти април победува ВМРО-ДПМНЕ и тоа со огромна разлика. Граѓаните ќе ја казнат ова влада на СДСМ која што е најкриминална влада и најрекетарска влада во изминативе 30 години во Република Македонија.  Ќе ги казнат за сите постапки и ќе ги казнат за се она кое што го извршиле криминално изминатиов период. Очигледни беа и се уште се тенденциите на Оливер Спасовски кој што е ставен на некој начин да ги заштити сите останати во оваа техничка влада од криминалот кој што го имаат направено изминативе неколку години преку опструкции од владата да ги опструираат нашите технички министри, замениците министри кои што ги имаме предложено како ВМРО-ДПМНЕ а како што знаете поради истата причина беше разрешена и министерката Рашела Мизрахи. СДСМ, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Оливер Спасовски и сите останати се во еден сериозен хаос, очај, кај нив владее сериозен страв од сето она што се презентира како скандали секојдневно по медиумите вклучително и ова денеска што го презентирав за во министерството за одбрана и сите оние скандали во министерството за внатрешни работи вклучително и за пасошите каде што директна е вината на Оливер Спасовски и на неговата екипа во министерството за внатрешни работи. Така да целиот овој страв произлегува од тоа дека по 12 април сите во владата кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат. Одговорност мора да има.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави