Search

ВМРО- ДПМНЕ: Граѓаните на општина Ѓорче Петров се излажани

Граѓаните на општина Ѓорче Петров се излажани. Нивните очекување се изневерени, а се што ветуваше пред изборите градоначалникот Наумовски се испостави како лага.

Наместо живот за сите, како што ветуваше тој, во Ѓорче дојде живот за неколкумина кои извлекуваат корист од задолжувањето на општината. Наумовски за неполни две години наталожи милионски долгови кој ќе треба да ги враќаат граѓаните.

Граѓаните со право се прашуваат каде завршија нивните пари, кога градоначалникот нема реализирано ниту еден проект.

Што се случи со отворениот и затворениот базен кој го вети тој? До каде е гасификацијата во општината, до каде е пазарот?

Нема ниту нова градинка во Волково, ниту амбуланта во Дексион. Наумовски ги излажа граѓаните, а казната за тоа ќе го стигне на следните избори.

Треба да знаете
Последни објави