Search

ВМРО-ДПМНЕ го подржува ставот на Груби да се тестираат на дроги сите функционери

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција одговори на новинарско прашање дека неговата партија се согласува со ставот на пратеникот на ДУИ, Артан Груби да има  тест на дроги на сите носители на јавна функција?

Апсолутно дека се согласуваме. Практично ние тоа и го побаравме вчера. Се согласуваме, мора да се расчистат сите дилеми околу конзумирањето на такви наркотични средства, како што тоа во јавноста излезе случај со пратеникот Пaвле Богоевски, којшто е носител на јавна функција, и е гласан од граѓаните, односно  поддржувачите на СДСМ на тие избори, рече Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави