Search

ВМРО-ДПМНЕ ги подрива здравствените напори за превенција од ширење на заразни болести

Соопштение за јавност – реакција на изјава на Стефан Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ нема идеја, став и концепт, па се обидува да проблематизира неопходна набавка на средства за заштита од ХИВ и други сексуално преносливи болести.
Со ова, ВМРО-ДПМНЕ директно ги подрива здравствените напори за превенција и справување со ХИВ/СИДА и други полови болести.

Дали, според ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека не треба да се набавуваат заштитни маски, ракавици и друга заштитна опрема за спречување на ширење на заболувања предизвикани од вируси?

Дали тоа за нив значи дека не треба да се набавуваат вакцини за да се заштити населението од ширење на заразни болести, како што се морбили, туберкулоза, полио, ХПВ…?

Граѓаните го кажаа својот збор на изборите на 15 јули, на демократски и фер избори кажаа дека знаат кој најдобро се грижи за здравјето на населението и за ублажување на последиците од коронавирусот.

Очигледно толку е голем хаосот во белиот дворец, нема кој да го брани, па Мицкоски почна свои роднини да праќа на партиски прес конференции.

Роднината на Мицкоски треба да се едуцира малку повеќе, а може да ја прочита и презентацијата на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски (http://eprints.ugd.edu.mk/15329/2/hivtribina-1.pdf)  за значењето на превенција од ХИВ вирусот.

Треба да знаете
Последни објави