Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ги повикуваме граѓаните денес во Кочани на протестен марш против криминалната власт

Доказ дека Заев и неговата власт не преземаат ништо за спречување на загаденоста на воздухот е листата од десетте најзагадени градови во Европа, каде што дури Македонија има три, Скопје, Битола и Тетово, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се трујат поради неспособноста оваа власт која не знае да се справи со енормното загадување на воздухот. На Владата на Заев приоритет и е луксузирањето за кое ќе потроши дури 7 милиони евра, а додека за справувањето со аерозагадувањето само 1,5 милиони евра.

СДСМ на темата аерозагадување калкулира и собира дневно политички поени, тера политикaнство и си игра со животите на нашите најмили.

Оваа власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем, народот знае дека е потребна зората за да ги истераат црнилата.

Затоа ВМРО ги повикува граѓаните денес во Кочани на протестен марш против однародената и криминална власт“ велат од опозициската партија.

Треба да знаете
Последни објави