Search

ВМРО-ДПМНЕ: Во соседството пуштаат автопати, а Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје – Штип

Република  Србија го заврши коридорот 10 низ најтешката траса долж истиот, а Зоран Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи.

Очекувано е секој возач и патник кој што ќе го користи коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија не само да се радува на туѓите успеси туку и да сработи нешто за кое што е платен.

.

На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија – Смоквица, направен во време на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Заев лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави.

Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од истата.

Заев е скаран со зборот инвестиција. Тој и неговата неспособна влада за првите три месеци оваа година реализираа само 6% од годишно предвидените капитални инвестиции.

Зоран Заев за разлика од лидерите на другите држави во регионот и Европа е синоним за корумпиран неработник и неспособен.

Државата само тоне со Заев, затоа и треба да си замине. Граѓаните ја чекаат металата на Заев, која ќе го измете него и целата негова влада.

Треба да знаете
Последни објави