Search

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со криминал и корупција

Црниот СДСМ целосно изгубил допир со реалноста. Партијата која ја зацрни државата шири манипулации и невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој кажа дека Мицкоски како главен кадровик на Груевски признава дека е анти НАТО и анти ЕУ.

Од опозициската партија додаваат дека со СДСМ на власт економијата е зацрнета, здравството девастирано, образованието деградирано, а владеењето на правото само мртво слово на хартија.

„Во ЕУ не се оди со криминал и корупција. Во ЕУ се оди со работа, реформи и постојан раст на сите полиња, со цел подобрување на живеачката на граѓаните. Живеачката во Република Македонија е влошена, трошоците за живот зголемени, платите ниски, а економијата на дното“, се наведува во партиското соопштение.

Токму затоа, како што се додава, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани да излезат на протестните маршови ширум државата.

Треба да знаете
Последни објави