Search

ВМРО-ДПМНЕ: Владата се задолжи со нови 21,1 милион евра

Вчера неспособната власт предводена од Заев, Тевдовски и Анѓушев ги задолжија граѓаните за 21,1 милион евра преку аукција на државни хартии од вредност. Од тие пари, околу половина се нов нето долг на државата, обвини Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно економската политика на владата се сведе само на задолжување, бидејќи ништо друго не работат. Нивото на реализација на капиталните инвестиции за 2018-та се бедно, односно 40%, а се наоѓаме пред крајот на буџетската година. Ниту се градат патишта, ниту болници, ниту училишта, детски градинки, водоводи, канализации. Јавноста со право се прашува каде завршуваат парите од буџетот и кредитите со кои не товари оваа власт?“, прашува таа.

Јавниот долг, додаде таа, на државата галопирачки расте и тоа го посочуваат и меѓународните финансиски институции.

Надминати се сите психолошки бариери на долгови. Едноставно кажано оваа власт ги донесе до работ на бездната стопанството и целата економија, а со бесцелното задолжување го прави и последниот чекор. Оваа однародена власт по принципот ситиот гладниот не го верува, наместо за потребите на граѓаните се посвети на личното богатење на функционерите и нивните семејни бизниси.
Ветуваа живот, а донесоа преживување на кредит. Замачкуваат очи на јавноста со статистички гимнастики, манипулативни прес конференции и ветувања од типот “само што не ни тргнало“, а веќе се на половина од својот мандат“, рече Кузмановска.

Треба да знаете
Последни објави