Search

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа

Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа. Заев соочен со својот крај ветува се и сешто, но тоа кај граѓаните веќе не поминува. Граѓаните на Република Македонија немаат кратка меморија.          ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш го поддржувала секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

Но Заев треба да се потсети дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада откако е на власт немаше никакво зголемување. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека даде максимумот за да им се помогне на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.

Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен. Крајот на оваа власт ќе биде на 12-ти април. Од 12-ти април ќе започне обнова на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави