Search

ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Царовска го доведуваат системот за социјална заштита во пропаст

Во изминатиот период граѓаните беа сведоци на голем број силувања во домовите, а одговорност од надлежните сè уште нема, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Царовска, како наредбодавец во Министерството за труд и социјална политика, бега од одговорност и се крие.

Од таму, исто така, наведуваат дека по градинките има епидемии, малтретирање на децата од страна на несоодветни кадри, а, како што велат, Царовска упорно молчи.

„Поминаа повеќе од две години, а оваа влада нема ништо инвестирано во социјалната грижа и насилството. Царовска нема преземено ништо конкретно, туку само чека официјални настани да се фали со тоа што ќе преземе, што потоа никогаш не се реализира“, стои во партиското соопштение во кое се потенцира дека црнилата на оваа власт се присутни во секој сегмент.

Треба да знаете
Последни објави