Search

ВМРО-ДПМНЕ: Владата две години не направи ниту една реформа

Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ.

Зоран Заев лани ја лажеше јавноста дека Македонија треба да слави бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лагата па излезе со новo дека ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ во јуни оваа година. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи.

Не отпочнување на преговори во јуни е можно поради не спроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот.

Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето на реформи и неспособноста на власта се факт, кој го потврдуваат и експертите.

Власта ја партизираше јавната администрација, која ја засили и со бран на непотизам, додека  судството целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите.

Граѓаните немаат повеќе време за губење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неспособна и треба да си замине.

Треба да знаете
Последни објави