Search

ВМРО-ДПМНЕ: Владата го крши Уставот со уредбата на вработените во СЈО да им се исплатат заостанатите плати

Соопштение до јавноста – реакција од Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ на Уредбата со законска сила донесена на седницата на Владата одржана на 2 Април 2020 година

ПРАВДА ЗА СИТЕ!

На 2 Април 2020 година, од страна на техничката Влада предводена од СДСМ донесена е Уредба со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во некогашното СЈО и за финансирање (на тоа веќе непостоечко тело) и исплата на заостанати плати и други трошоци за повеќемесечното (не)работење!

Ова е само една од   класичните злоупотреба на овластувањата добиени во врска со вонредната состојба од страна на техничката Влада предводена од СДСМ, а со цел да се вдомат, обезбедат и збринатнивните истомисленици, поточно-истокорисниции да си ги довршат сите незавршени матни бизниси, зделки,  вработувања на своите партиски кадри и други активности неопходни за поткуп, рекет и други малверзации , а кои се на товар на Македонските граѓани.

Техничката Влада предводена од СДСМ, со носењето на оваа Уредба ги пречекорува своите овластувања и надлежности и се впушта во редефинирање на Македонскиот правен систем, смислено го крши Уставот и создава правна несигурност!

Оваа Уредба не само што е во спротивност правниот систем на Македонија и е казнива, истовремено истата ги гази и обезвреднува основните морални постулати и принципи кога една нација се наоѓа во вака кризна состојба како што е денешнава. За жал со ваквата Уредба директно се покажува дека гавазите на СДСМ се поважни од народот! Поважни се од медицинската опрема и животите кои можат да се спасат, поважни се од економската криза и опстанокот на Македонецот во овие тешки  времиња. Ваквиот феудален однос кон сопствениот народ не значи „Правда за сите”!

А, „ПРАВДА ЗА СИТЕ” ќе има! И одговорност ќе има за сите подеднакво, а по готово за оние кои во овие  тешки времиња профитираат на маката на Македонецот!

Треба да знаете
Последни објави