Search

ВМРО-ДПМНЕ: „Вистинските“ реформи на СДСМ ја оставија Македонија без датум за преговори

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.

“„Вистинските“ реформи на СДСМ ја оставија Македонија без датум за преговори.

Време е сега да се стави крај на „вистинските“ реформи на Зоран Заев и неговите пајташи.

Македонија со криминалец како Зоран Заев нема иднина.

Од реформи граѓаните видоа само криминал, рекет, и продавање на национални интереси.

Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат единствена шанса за обнова на Македонија. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ и нивните лаги и манипулации.

Време е за реформи, вистински реформи, политичари кои ќе работат за доброто на граѓаните на Република Македонија. Доаѓа време за обнова на Македонија.“

 

Треба да знаете
Последни објави