Search

ВМРО-ДПМНЕ вечерва решава дали ќе го напушти Собранието

ВМРО-ДПМНЕ на Централен комитет ќе одлучува дали пратениците од партијата од утре ќе се појавуваат на седници, откако денеска не беше одржана седницата за распуштање на Собранието.

До последниот рок на распуштање остануваат уште четири дена. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека не гледа причина пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да присуствуваат на седниците, меѓу кои е и онаа за изгласување на Законот за Јавно обвинителство.

„Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Партиското тело ќе почне да заседава во 20:00 часот, а како што соопшти Мицкоски, сите одлуки кои ќе се донесат во опозициската партија, ќе бидат пренесени на јавноста.

Треба да знаете
Последни објави