Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа

Криминална власт на СДСМ и аболираниот Зоран Заев системски ја уништија македонската економија. Аболираниот Заев за себе и картелот кој што го води го проектираше најголемиот буџет во историјата на Република Македонија, се огласи со реакција опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ.

„Тоа значи масовно ограбување на граѓаните преку повисоки даноци и казни за да се богатат Заев и картелот околу него.

Поради лошите економски услови, дури 77% од младите сакаат да се иселат од Република Македонија, покажуваат најновите истражувања.

Додека земјите во регионот и Европа доживуваат ренесанса на своите економии Македонија оди во чекор со Афричките држави.

Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа. Тоне државата по сите параметри.

СДСМ нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата“.

Треба да знаете
Последни објави