Search

ВМРО ДПМНЕ бара СДСМ да каже кои се партиите од ново мнозинство и кој ќе биде премиер

Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира, велат во соопштението од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

– Што се однесува до иднината за која пишуваат ако од СДСМ зависи иднината тешко на државата и граѓаните. Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат.

Треба да знаете
Последни објави