Search

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасовски ниту бил ниту е ангажиран како советник на Мицкоски

Македонија се соочува со најцрниот период од осамостојувањето кога целиот безбедносен и судски систем се ставени во улога само и само за спроведување политички монтирани и мотивирани процеси, на штета на безбедноста на државата и особено на правото и правдата, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Во време кога со државата владее криминогена власт, а државата се завива во црно поради мафијашки пресметки на улиците, СДСМ спроведува класичен политички прогон преку пласирање лажни информации. Владимир Атанасовски ниту бил ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Информацијата дека Атанасовски е дел од советниците на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме за тенденциозна инсинуација и намерно нанесување штета на новото раководство на партијата и претседателот Мицкоски“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение посочуваат ддека остануваат на ставот дека во Република Македонија се одвиваат политички мотивирани и инструирани судски процеси кои немаат врска со правото и правдата, а кои судскиот систем го доведуваат до апсурдности кои се одвиваат до недоглед.

„Токму заради тоа ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија. И политичките судски процеси и политичките приведувања, како и пласирањата лажни информации имаат за цел да ја дезавуираат јавноста од безбедносните проблеми и прашања, како и од реалните проблеми кои оваа мрачна криминогена власт ги нанесува врз граѓаните на Република Македонија“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави