Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ остане на власт, годинава нè очекува уште поголема сиромаштија

Единствено со заминување на СДСМ од власт граѓаните може да се надеваат на прогрес и просперитет. Во спротивно годинава нè очекува уште поголема сиромаштија и крах на сите полиња, наведуваат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта им ја честиташе новата година на граѓаните со поголеми даноци. Оваа година двојно повеќе на име персонален данок на доход ќе плаќаат земјоделиците, младите и просперитетни кадри кои се занимаваат со програмирање, 50% повисок данок ќе плаќаат граѓаните кои изнајмуваат стан или дуќан, лицата кои остваруваат доход од капитал и граѓаните кои играат игри на среќа“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека катастрофална година ги очекува и пазарџиите, кои, како што велат, ќе мора да плаќаат поскапи тезги, а, според нив, власта удрила и по сиромашните пензионери и вработените кои имаат помали плати па за да остварат нормална живеачка продаваат на пазар, право кое сега им се крати.

„Граѓаните видоа дека СДСМ не знае да ја води државата, партијата е целосно неспособна и само ги влече граѓаните во пропаст. Епидемијата со морбили е уште еден доказ за тоа. Првин со нивната лицемерна политика за печалење на политички поени го предизвикаа антивакцина-бранот, за сега да зборуваат сосема спротивно од она кога политички профитираа врз грбот на граѓаните“, велат од опозициската партија и додаваат дека црнилата не смеат да бидат наше секојдневие и оти за Македонија мора да изгрее зората.

Треба да знаете
Последни објави