Search

ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ и Заев се синоним за криминал и корупцијa

СДСМ и Заев се синоним за криминал и корупција. СДСМ залудно се обидува да одбрани нешто што не може да се одбрани. Заев мора да одговори кои се високите претставници Кики и Фрики за кои што пишуваат медиумите. Зошто се плаши да ги открие кога цела јавност е сведок на рекетарската приказна која што се случи, а Зоран Заев се обидува да ги заштити криминалците.

Заев се става во заштита на криминалот и рекетот само поради тоа што се плаши дека граѓаните ќе дознаат за неговата директна вмешаност и за неговиот процент од рекетот.

Доколку Република Македонија  беше држава во која владее правото до сега ниту Драги Рашковски ќе беше Генерален секретар на Владата бидејќи граѓаните слушнаа како мести тендер  од 7 милиони евра, Курто Дудуш немаше да биде градоначалник бидејќи тепаше граѓани во неговиот кабинет, ниту пак Катица Јанева, Кики и Фрики ќе беше амнестирани  од одговорност, туку ќе беа изнесени пред органите на правдата и ќе одговараа.

Во Македонија ќе се врати правната држава само кога СДСМ и Зоран Заев ќе си заминеа.

Колку побрзо тоа се случи толку подобри и за граѓаните и за државата.

Треба да знаете
Последни објави