Search

ВМРО-ДПМНЕ:Костадинов наместо да држи бледи прес конференции нека одговори што има договарано на средбите со Боки 13?

Костадин Костадинов наместо да држи бледи прес конференции нека одговори што има договарано на средбите со Боки 13?
Дали има разговарано за рекет и колкав бил рекетот изнудуван од бизнисмени?
До вчера Костадин Костадинов исто како и неговиот шеф Зоран Заев му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува рекет.
Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа.
Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев најдобро што можат да направат е да распишат предвремени парламентарни избори, бидејќи нивниот крај доаѓа.
Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, Костадин Костадинов, Зоран Заев и сите кои во моментов имаат заштита за сомнежите за криминал ќе одговараат пред законот.

Треба да знаете
Последни објави