Search

ВМРО-ДПМНЕ:Заев и СДСМ се заштитници и промотори на криминалот и корупцијата

Зоран Заев и СДСМ се заштитници и промотори на криминалот и корупцијата  во Република Македонија. Последната афера со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја практикува власта во државата.

Постојат сериозни сомнежи и индиции дека токму Зоран Заев е врвот на овој криминален октопод на рекетарската банда и токму затоа се сите овие негови панични испади и овој  театар кој и го приредуваат на јавноста. Целата јавност слушна за приказната во која високи функционери на СДСМ заедно со обвинител и Боки 13 вршеле рекет на  бизнисмени барајќи им огромни суми на пари.  Практично невозможно е сето тоа да не било без знаење и амин од Зоран Заев.

Впрочем  Зоран Заев беше човекот кој жестоко ја бранеше и штитеше Катица Јанева, велејќи дека никогаш нема да се откаже од неа.  Затоа и обвинителството ја штити од одговорност Јанева и нема побарано притвор за неа.

Доколку власта навистина спроведуваше правда ќе беа уапсени Кики и Фрики и ќе беа соопштени нивните вистински имиња, но тие се штитат единствено затоа што се високи претставници во СДСМ и блиски луѓе на Зоран Заев.

Јавноста очекува одговори кои се Кики и Фрки, но и на кој висок функционер му се јавила Јанева пред да и го одземат телефонот и дали е точно дека токму поради тој повик бил заборавен налогот за нејзино приведување.

Истрагата не смее да заврши само со Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Вистинските нарачатели и извршители не смее да се спасат и мора да излезат пред лицето на правдата.

Со Македонија владее криминална и монструозна гарнитура чии врхушка и функционери вршат рекет, местат тендери, тепаат и се закануваат на граѓани и прават криминал на секој чекор без притоа никој да одговара. Затоа неопходни се оставки и веднаш распишување на предвремени парламентарни избори.

Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за да се вратат правдата и владеењето на правото во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави