Search

ВМРО-ДПМНЕ:Доколку СДСМ сака да обезбеди одговорност за секој што се огрешил пред законите треба да побара Заев да оди во затвор

Доколку СДСМ сака да обезбеди одговорност за секој што се огрешил пред законите треба да побара нивниот лидер Зоран Заев да оди во затвор. Република Македонија е единствената земја во Европа каде премиер е човек кој е аболиран за криминал, кој целата јавност го виде како бара поткуп од 200.000 евра.

Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на криминали и афери на функционери и ниту еден нема разрешница.

СДСМ една година ги скрива деталите за прислушкувањето во обвинителството, затоа што повеќе од очигледно е дека токму тие ги прислушкувале обвинителите за подоцна да ги уценуваат.

Нема одговорност за крвавите тендери во здравство, за криминалните иновации од Фондот,  за тендерот на фирмата Леонардо во М-НАВ, а нема одговорност ниту за тендерот за хеликоптерите.

Градоначалник од СДСМ не одговараше за тепање на граѓанин во неговата канцеларија, пратеник не одговараше за тргување со нелегални супстанци, а не одговараше ниту заменикот министер за загрозување на сообраќајот.

Дека СДСМ бега од одговорност говорат и аферите Рекет и Кеш, каде директно се вклучени функционери и владата, но за да не одговараат се спроведува крајно сомнителна и несериозна истрага, се само за да не се дојде до главата, односно до аболираниот Зоран Заев.

Ако СДСМ е толку загрижена за секој кој се огрешил да одговара, тогаш нема да им биде проблем да ги прифатат двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ:

1.Да се направат законски измени со кој ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.

2.Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија.

На Република Македонија итно и се потребни независни институции каде единствено ќе владеат правото и  правдината. Тоа јасно е дека не може да се случи додека е СДСМ на власт. Правдата и принципите ќе завладеат по 12 април кога ќе бидат поразени криминалите на СДСМ и ќе започне обновата на Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави