Search

ВМРО-ДПМНЕ:Додека Заеви и Леови возат луксузни автомобили работниците во нивните фабрики земаат минимални плати

Доколку братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев и таткото на Златко Леов, кој го пуштиле да биде гласноговорник на власта во заминување ги продадат своите возила, мерцедесот од 600.000 евра и ферарито од 400.000 евра можеби и ќе се покачеа платите на работниците.

Додека Заеви и Леови возат луксузни автомобили работниците во нивните фабрики, во кои најголем дел од работниците земаат минимални плати.

Toa e лицемерието на функционерите на СДСМ според кое за луѓето од власта ќе има мед, а за сите останати граѓани  леб и сол.

Работниците трпат, а Заеви и Леови нижат милиони.

Доколку беше толку добро во Македонија под власта на Заев немаше и Стево Пендаровски да сака да се исели од државата.

Да ги носеа сите граѓани розевите очила на Заеви во Македонија можеби немаше да има половина милион граѓани кои немаат постојан достап до храна.

Македонија со Заеви тоне. По 12 април следува обнова.

Треба да знаете
Последни објави