Search

Вложуваме во реализација на бројни инфраструктурни проекти, по долги години се реконструира и проширува патот Бутел – Љуботен

Изјава за медиуми, Милован Колариќ, советник во Советот на општина Бутел

„Локалната и градската власт предводени од СДСМ во изминатиот период интезивно вложува во реализација на бројни инфраструктурни проекти. Работиме на подобрување на целокупната инфраструктура. Проектите што ги реализираме со поддршка на централната и градската власт, имаат единствена цел подобрување на функционирањето на градот и општината.

Меѓу бројните инфраструктурни проекти кои оваа власт ги реализира е и реконструкција и проширување на патот од Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км, а вредноста на овој проект изнесува скоро ‪220.000‬ евра.

После речиси 30 години, односно од 1991 година оваа сообраќајница која е од огромна важност за граѓаните од овој регион за прв пат се реконструира и се проширува.

Посветено се грижиме за развојот на инфраструктурата на нашата општина и заедно чекориме по вистинскиот пат за реализавција на проекти од заеднички урбан интерс.

Треба да знаете
Последни објави