Search

Влијанија од неконтролираното согорувањето на отпадот на отворено врз загадувањето на воздухот

Цврстиот комунален отпад во Македонија, во најголем дел се отстранува на стари и нелиценцирани депонии. Депонијата Дрисла наменета за скопскиот регион е единствена лиценцирана депонија (дури и ако не одговара на европската практика каде што отпадот треба да се третира пред да се отстрани), додека останатите постоечки депонии за комунален и друг вид неопасен отпад најчесто се преполни, неправилно изградени, одржувани и управувани и не се ни блиску до барањата и стандардите во однос на животната средина и заштита на здравјето на луѓето. Постојат вкупно 58 општински депонии, а на оваа бројка се надоврзуваат и илегалните депонии за комунален отпад кои се доста застапени особено во руралните предели.

Старите и неконтролирани депонии претставуваат ризик во поглед на загадувањето на воздухот, почвата, површинските води и подземните води. Поседуваат и потенцијални ризици за биодиверзитетот, земјоделското земјиште и здравјето на луѓето, како последица од депонирање неселектиран, опасен и неопасен отпад.

Загадувањето и уништувањето на природата преку почвата и водата, фрлањето ѓубре на секој чекор низ земјава е само една од последиците. Неконтролираното палење на депониите, исто така, создава големи проблеми и со аерозагадувањето во зимските месеци. Покрај неконтролирано фрлање отпад и создавање мали, диви депонии, несовесните граѓани уште и намерно го палат овој отпад составен од секакви материјали, со што значително придонесуваат за загадување на воздухот со опасни материи. Бидејќи системот за примарна селекција на отпад не е имплементиран во земјата за секој граѓанин да фрла отпад во различни контејнери според својата природа, комуналниот отпад се состои од секакви мешани материјали, од органско потекло, до пластика, гума, најлон, батерии, електричен и електронски отпад. Согорувањето на овој мешан отпад предизвикува ослободување на канцерогени соединенија како што се диоксини и фурани.

Дополнително и други токсични елементи се емитуваат при согорувањето на овој мешан отпад. На пример, дури една третина од глобалните антропогени емисии на мали честички (ситни цврсти честички и течни капки од прашина до метали што можат да навлезат длабоко во белите дробови) доаѓаат од пожари на ѓубре, проценува атмосферскиот научник Кристин Видинмаер од Национален центар за истражување на атмосферата во Болдер, Коло. Околу 10 проценти од емисиите на жива доаѓаат од согорување на отворено, како и 40 проценти од полициклични ароматични јаглеводороди. Ваквото загадување може да предизвика белодробни и невролошки заболувања и е поврзано со срцев удар и некои видови на рак.

 

Затоа методот на одложување на отпадот на депонии какви што постојат во Македонија, без претходна обработка на самиот отпад е застарен, низ цел свет отфрлен и штетен по здравјето. Интегрирани депонии за управување со отпад ќе бидат изградени дури за 5 до 6 години, а во меѓувреме потребно е да се примени брз, еколошки и ефикасен метод. Често применувана практика во европските градови е балирање на отпадот. Отпадот прво се компресира со што се намалува неговиот волумен, се обложува на филм пластична лента и се пакува во бали. Вака отпадот може да се складира на подолг период а притоа нема никаков негативен ефект на животната средина, без емисии на воздухот или водата, без мирис или пак ризик од горење.

 

Компанијата ПП Индустри е специјализирана за ваков вид управување со отпад, а според нивното досегашно искуство, ова е решение за моменталната состојба во земјата со многу предности.

 

Треба да знаете
Последни објави