Search

Влезниците за мечот Македонија -Словенија со популарни цени

Македонската фудбалска репрезенатција во октомври ја очекуваат два нови квалификациски предизвици од групата Г за ЕП-2020. Најпрво на домашен терен на 10 октомври ја пречекува селекција на Словенија со која ќе бие битка за втората позиција во групата. За да има репрезентацијата поголема поддршка од трибините раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучија да пушти во продажба влезници со популарни цени. Влезниците за дуелот со Словенија на Националната арена „Тодор Проески“ ќе чинат од 50 до 200 денари, а ќе можат да се набават преку продажната мрежа на MKTicketsпосебниот пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.

Три дена по овој натпреавр Македонија ќе и гостува на водечката селекција во групата Полска.

По шест одиграни кола Македонија се наоѓа на 4. место во групата со осум бода, а Словенија е втора со 11 бодови.

Треба да знаете
Последни објави