Search

Влегла во стан нудејќи гатање и отстранување црна магија и украла 170.000 евра од плакар

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи ја уапсиле Ќ. Џ. (34) под сомнение дека извршила тешка кражба.

Таа е осомничена дека во 2018 година, со две други непознати лица, влегла во станот на оштетениот во Земун Поле и украла 170.000 евра од плакарот.

Исто така постои сомневање дека Ќ. Џ. со тие лица, неколку дена пред извршувањето на кривичното дело, била во станот на оштетениот кога му нуделе услуги на гатање и отстранување црна магија, за потоа да се вратат и да го извршат кривичното дело.

На осомничената ѝ е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведена во Третото основно јавно обвинителство во Белград со кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави