Search

Влатко Ѓорчев оддаде почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во Конгресот на САД

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на САД присуствуваше на церемонијата на оддавање на почит на починатиот поранешен претседател на САД Џорџ Буш постариот.

Пратеникот Ѓорчев беше дел од бројните делегации кои му изразија последна почит на поранешниот претседател во холот на Конгресот на САД.

Претседателот Џорџ Буш беше добар пријател на Македонија. Нашата земја ја прогласи својата независност за време на неговиот мандат во 1991 година, а неговиот син Џорџ Буш помладиот ја призна Република Македонија под уставното име во 2004 година. Изразувам сочуство до неговото семејство и до граѓаните на САД“, рече Ѓорчев.

Тој се запиша и во книгата на жалост. Ковчегот со телото на поранешниот претседател Џорџ Буш е изложено во централниот дел на Конгресот на САД, а денес ќе се одржи црковна служба по повод неговиот погреб.

За време на посетата на Вашингтон пратеникот Ѓорчев ќе присуствува на парламентарниот форум за безбедност кој ќе се одржи во Сенатот на САД.

Треба да знаете
Последни објави