Search

Влатко Стефановски првпат објави дека се дружел со принцот Чарлс

Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски откри дека пред 22 години се запознал со принцот Чарлс во Скопје. Тој сега првпат ги објави фотките кои се направени во хотелот „Континентал“, на коктелот што бил организиран во чест на принцот. Влатко вели дека конечно ја изгледал серијата „Круна“, која е посветена на британското кралско семејство, и дека таа го потсетила на дружбата со принцот.
„Само што ја завршив со гледање ‘Круна’, па решив да ги споделам сликите од средбата со неговото височество, принцот од Велс, што се случи воноември 1998 година. Како сувенир, тогаш му го   подарив мојот најнов албум ‘Џипси меџик’,“ напиша Стефановски.


Фановите воодушевени од средбата што се случила пред 22 години, му коментираа дека тоа била средба на „принц и крал“. „Браво легендо“,

„Сигурно нему му била чест да те запознае тебе“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.

Преземено од Репортер

Треба да знаете
Последни објави