Search

Влатко Стефановски гостуваше во Тетовското музичко училиште

Еден од најпознатите македонски музичари Влатко Стефановски синоќа беше гостин во Државното музичко учлиште „Тодор Скаловски-Тетоец”. Тој одржа кратко предавање и разговараше со учениците, а изведе и дел од неговиот богат репертоар.

-Ни се исолни желбата во нашето училиште да гостува нашиот најпознат музичар и гитарист Влатко Стефановски, кој светот одамна го има поставено како музички великан. Концертната сала на училиштето беше преполна, а концентрацијата на максимално ниво кога Влатко зборуваше и ги мотивираше нашите ученици. Огромно е значењето за младите музичари да чујат од искуството на нашиот Влатко Стефановски кој во музичка смисла го има освоено светот, а се уште знае да биде обичен човек и да разговара со сите нас, изјави директорот на музичкото училиште Љупчо Перински. И учениците се претставија пред Стефановски. Тие подготвија кратко видео со секвенци од неговата музичка кариера, а дел од учениците и настапија со свои музички точки.

Треба да знаете
Последни објави