Search

Властите на Њу Орлеанс до жителите: Обезбедете вода, храна и лекови за најмалку три дена

Градот Њу Орлеанс на Твитер објави предупредување до жителите на овој град, во кое се содржат правила за однесување пред ураган, кој допрва се очекува.

„Жителите би требало да се подготват и да ги извршат следните активности: да соберат храна, вода и лекови за најмалку три дена и да ги обезбедат своите имоти за силни дождови и ветер, да ги исчистат олуците и да ги испуштат базените“ се наведува во предупредувањето.

Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека тропската бура Бери се засилува додека се доближува до брегот на Луизијана, а се очекува да премине во ураган кога утре ќе стигне на копно.

Според проценките, ударите на ветрот се се посилни и сега се преку 100 килоемтри на час, а се очекува да бидат уште посилни.

Невремето бавно се движи, но предупредувањето е издадено за зоната кај езерото Пончертрејн, како и за Билокси и Мисисипи. Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Луизијана, а долж целиот нејзин брег на сила е предупредувањето за ураган.

Тој нагласи дека националните и локалните власти работат заедно и ги повика луѓето да се подготват.

Треба да знаете
Последни објави