Search

Властите на Шри Ланка сакаат да разговараат со вработената во амбасадата

Властите на Шри Ланка ѝ порачаа на швајцарската амбасада во Коломбо дека сакаат да разговараат со вработената во амбасадата, која рече дека била присилно ставена во автомобил и дека непознати лица се обиделе да добијат информации за амбасадата.

Амбасадата порано соопшти дека вработената не е во можност да разговара со полицијата заради лошата здравствена состојба, пренесува АП.

Швајцарското Министерство за надворешни работи соопшти дека случајот  го смета за сериозен и неприфатлив напад, поради што амбасадорот на Шри Ланка во Швајцарија треба да биде сослушан.

Министерството соопшти дека доказите собрани од истражителите не одговараат со редоследот на настаните за време на инцидентот даден од амбасадата и дека вработената требало да биде сослушана од полицијата на Шри Ланка.

Треба да знаете
Последни објави