Search

Властите на Мексико екстрадираа во САД син на предводник на нарко картел

– Мексико го екстрадираше во САД, Рубен Осегеру Гонзалес, синот на Немесио Осегеру Сервентес, предводникот на нарко картелот „Ново поколение Халиско”, соопшти денеска мексиканското издание „Ел универзал”.

Се истакнува дека американските власти го обвинуваат Гонзалес за криминален заговор за трговија со дрога на територијата на САД.

Картелот „Ново поколение на Халиско” во моментов е еден од најснилните и највлијателни криминални групи во Мексико.

Во текот на пресметките и војните на милитантите на овој картел со картелите „Зета” и „Синалое” во изминатата деценија биле убиени десеттина илјади лица, наведува изданието.

Треба да знаете
Последни објави