Search

Властите во Хонг Конг ги повикаа демонстрантите да се предадат

Шефицата на Владата Хонг Конг, Кери Лам, изјави денеска дека демонстрантите под полициска опсада на универзитетски кампус имаат само можност да се предадат ако сакаат мирно решение.

-Ова може да се постигне само со целосна соработка со демонстрантите, вклучувајќи ги, се разбира и оние кои предизвикуваат немири. Тие мора да го прекинат насилството, да се предадат и да си заминат мирно со почитување на полициските инструкции, нагласи Лам.

Тоа беше нејзина прва прес-конференција откако демонстрантите во неделата го окупираа Политехничкиот универзитет, бастион на петмесечниот протест. Стотина антивладини демонстранти останаа забарикадирани на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг денеска, опколени од полицијата додека опсадата врз кампусот на универзитетот влегува во третиот ден.

Според локалните медиуми, повеќе од 200 млади демонстранти го напуштиле Политехничкиот универзитет, придружувани од медијатори на кои полицијата им дозволи да влезат.

На демонстрантите под 18-годишна возраст им беше дозволено да заминат без апсење, јави Би-Би-Си, но постари лица се приведени.

Треба да знаете
Последни објави