Search

Властите во Москва преку апликација ќе го следат движењето на луѓето во изолација

Московските власти претставија апликација за паметни телефони, која ги следи движењата на луѓето кои се во изолација поради коронавирусот.

Според официјалните податоци, 2.777 Руси се заразени со Ковид-19, а во последниве 24 часа потврдени се 440 нови случаи.

Досега починаа 24 лица.

Москва, епицентарот на епидемијата во Русија, во неделата најави делумен карантин, а на жителите им беше кажано да ги напуштаaт своите домови само за да купат основни продукти, да ги прошетаат милениците или доколку им треба лекарска помош.

Градски службеник изјави дека властите развиле апликација за паметни телефони за граѓаните на Москва кои имаат коронавирус.

Откако овие жители ќе ја преземат апликацијата, властите ќе можат да ги следат.

Апликацијата е сè уште во фаза на тестирање, изјави Едуард Лисенко, шеф на одделот за информатичка технологија.

Москва исто така се подготвува да воведе градски систем за QR-код, при што секој жител кој се регистрира преку интернет, ќе добие уникатен код со кој ќе им се претстави на полицајците доколку го легитимираат, рече Лисенко.

Треба да знаете
Последни објави