Search

Властите во Минск распоредуваат тешка опрема и специјалци во пресрет на антивладиниот протест

Огромен број автобуси со припадници на специјалните воени единици (беретки) на Белорусија, тешка специјализирана воена опрема, како и воени камиони кои превезуваат воени лица се собираат во центарот на Минск поради очекуваните големи антивладини протести организирани денеска од белоруската опозиција, јави ТАСС.

Опремата и луѓето беа пренасочени од воената единица во Уручие, област во североисточниот дел на Минск. Рано утрово тие минаа низ плоштадот „Независност” во градот, каде ќе се одржат денешните антивладини демонстрации, закажани за 14 часот по локално време.

Протестите почнаа по претседателските избори на 9 август. Според ЦИК, актуелниот претседател Александар Лукашенко освоил 80,10 отсто од гласовите, а неговиот главен ривал на Лукашенко – Светлана Тихановскаја 10,12 отсто. Граѓаните оттогаш со масовни протести го искажуваат своето незадоволство, обвинувајќи за изборен фалсификат, а на ист став е и поголемиот дел од меѓународната заедница.

Треба да знаете
Последни објави