Search

Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице

Во борба против корона вирусот власта ништо не презема.

Секојдневните драконски бројки на новозаразени од КОВИД-19 ја потврдуваат неспособноста на Венко Филипче и власта.

Власта ја искачи Македонија на врвот во регионот по новозаразени и починати.

За недела дена имаме околу 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза.

Кога сите држави во светот имаа прекин во бранот на заразата ние бележевме рекорди во заразени.

Сега сме на почетокот на кризата, допрва следува сезоната на грип и хаосот може да биде уште поголем, а власта ништо не прави за да спречи ескалација.

СДСМ нема капацитет, да се справува, затоа што наместо да мисли како да го намали бројот на заразени, Филипче го зголемува семејниот имот.

Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице.

Поради неспособноста на СДСМ 821 семејство остана со помалку од еден член во нивното семејство.

Треба да знаете
Последни објави